ИХФ ja популаризира играта: Ги слушаме само на олимписко дефиле, а сега ќе играат ракомет

Од 7 до 12 мај во Илиноис во САД и од 14 до 20 мај во Кампала во Уганда ќе се одржи ИХФ-Трофеј на кој ќе играат држави во кои ракометот е на ниски гранки и речиси и да не е застапен.

300x250

Целта на ИХФ е да го промовира ракометот во земјите каде што речиси и да не се игра за да добие на што поголема масовност и во следните квалификации за Светските првенства да има уште поголем број на учесници.

Според она што може да се види од групите каде што ќе се играат натпревари дефинитивно се работи за земји чии имиња може да се слушнат само на дефиле на Летни олимписки игри или при ждрепка на квалификации за Светските првенства во фудбал.

Во Уганда ќе се најдат селекциите на: Бурунди, Џибути, Етиопија, Кенија, Руанда, Сомалија, Јужен Судан, Судан, Танзанија и домаќинот Уганда.

Во Илиноис покрај домаќинот САД, ќе играат и: Барбадос, Канада, Доминиканска република, Хаити и Мартиник.

Покрај ова ќе има и други турнири и низ Африка, Азија и Австралија.