ИХФ ги одбра најдобрите: Динар во последниот ден го „претрка“ Вујо

Изминатиов период ИХФ ги собираше гласовите од ракометните вљубеници и медиумите во трката за најдобар тренер и играч на планетата за 2016 година. Групата експерти од ИХФ составија листа од најуспешни тренери за која две недели сите ракометни фанови имаа можност да го дадат својот глас. Во женска конкуренција без изненадување победи норвешкиот тренер Торир Хергеирсон втора година по ред. Оваа е четврта титула најдобар тренер на годината за исландскиот стратег на клупата на Норвешка, кој ја освојуваше оваа престижна титула и во 2011 и 2012 година.  

Кога во прашање е најдобар тренер на годината во машки колектив, трката беше далеку поизедначена. Веселин Вујовиќ имаше историска можност да биде првиот кој ги обединил титулите најдобар играч и тренер во светот, но иако имал предност до претпоследниот ден на гласањето сепак Динар ја понесе оваа престижна титула. Селекторот на француската репрезентација Дидие Динар е најдобриот тренер во светот за 2016 година. Победникот бил познат дури последниот ден од гласањето кога Динар успеал да го надмине Веселин Вујовиќ во гласовите од фановите, а успеал да го надмине и Берге од гласовите на медиумите. Така Динар завршил на првото место, пред норвешкиот селектор Кристијан Берге и словенечкиот кормилар Веселин Вујовиќ. 

Во женска конкуренција Торир Хергеирсон ги освоил гласовите на фановите и експертите, додека Оливие Круболц од Франција бил победник во гласањето на медиумите. Интересна била трката за третата позција, а за подобриот Хенк Гронер одлучиле гласовите од публика, така на четвртата позиција завршил Ким Расмусен.