ИХФ ги додели организациите на Мундијалите за следните шест години

Женскиот Мундијал оваа година ќе се одржи во Германија на почетокот на декември, а Интернационалната Ракометна Федерација веќе ги додели организациите и за следните три Мундијали. За пласман на Светското Првенство во Германија, Македонија ќе мора да биде подобра во баражот од Шведска на почетокот на јуни.

Во 2019 година собирот на најдобрите светски репрезентации ќе се одржи на азискиот континент, поточно во Јапонија, додека во следните четири години, европски држави ќе бидат организатори. Шпанија ќе биде домаќин на Мундијалот во 2021 година, додека Норвешка, Данска и Шведска во 2023 година ќе ги соберат најдобрите светски репрезентации во женска конкуренција.

Следните светски шампионати во машка конкуренција ќе се одржат во Данска и Германија (2019), Египет (2021) и Полска и Шведска (2023година).