Ихнева се враќа дома

Поранешната раометарка на Вардар, Алена Ихнева, по само една сезона во францускиот шампионат, во дресот на Флери Луар, се враќа во татковината. Рускиот лев бек немаше можност да се докаже ниту во Вардар, а таква можност не доби ниту во Франција, па затоа ќе побара нов „почеток“ во Астраханочка.

Ихнева потекнува од тимот на Лада со кој играше во Купот на ЕХФ, додека со македонскиот шампион имаше настапи во Лигата на шампионите. Ихнева е членка и на руската репрезентација со која ќе игра против Полска во баражот за СП во Германија.