Исто како и минатата година: Барселона ја одбрани круната на Супер Глуоб (ВИДЕО)

Во реприза на минатогодишното финале, екипата на Барселона успеа да дојде до нова победа и да стигне до 4. титула на Супер Глоуб турнирот совладувајќи го Фуксе Берлин со 29:24. По оваа победа, Барселона само го подобри својот рекорд во освоени титули во ова натпреварување и ја подигна границата.

Шампионот на Шпанија трофејот го освои по одличното второ полувреме откако од првиот дел замина со предност од само 13:12. Оваа предност, Барселона успеа и да ја зголеми во вторите 30 минути благодарение пред сè на одличните интервенции кои ги имаше голманот Кевин Мелер. Toj помогна многу за да се дојде до триумф од 29:24.

Покрај Мелер, во тимот на Барселона најефикасен беше Виктор Томас. Тој реализираше петпати, додека Мортенсен заврши со гол помалку. Во Барселона освен голманите сите други реализира барем по еднаш. Од таборот на Фуксе Берлин, Холм беше далеку пред конкуренцијата со осум гола. Елисон постигна пет гола, додека поранешниот ракометар на Вардар, Марсениќ мечот го финишираше со четири погодоци .