Исланд по фуриозното прво полувреме подобар од Шведска!

Во еден од двата премиерни натпревари од Европското првенство во Хрватска чиј старт беше закажан за 18 часот и 15 минути, на Исланд му беше доволни само едно полувреме да слави над Шведска со 24-26 (8-15).

300x250

Почетните 0-4 во корист на Исланд беа показател дека “рибарите” сериозно ќе загризат и ќе се обидат да стигнат до значајна победа над Шведска. Расположените Карасон и Гудмунсон го торпедираа шведскиот гол, а со погодокот на Гунарсон Исланд стигна до највисоките 5-14 во првиот дел.Расположениот Карасон со својот четтврти гол стави точка на првите триесетина минути за конечни 8-15.

Во првите десетина минути од вториот дел Исланд продолжи во исто темпо, а во 40. минута Карасон донесе највисоки +10 (11-21) за својата репрезентација. Во последните дваесетина минути Шведска покажа знаци на живот постепено топејќи ја предноста на противникот стигнувајки на само три погодоци негатива (20-23) на пет минути до крајот.
Сепак Швеѓаните немаа сили за комплетен пресврт изборувајки се за пристоен пораз од 24-26.

Гудмундсон со 7 и Карасон со 5 погодоци беа најефикасни во редовите на Исланд. Во репрезентацијата на Шведска најрасположен за игра беше Готфридсон со 6 гола.