Исланд е најдобро третопласирана екипа, заедно со Македонија и Чешка патува на ЕП

Репрезентацијата на Исланд со победата над Украина на домашен терен го заврши својот настап во квалификациите за пласман на ЕП. Исланд во Рејкјавик ја совлада Украина со високи 34-26 и се најде на третата позиција во група 4.

Домаќините не започнаа најсигурно на овој дуел, затоа мотивираните гости постојано беа зад противникот. Во 18та минута двете репрезентации беа изедначени на 10-10 резултат кој и одговараше на селекцијата на Украина. Во продолжение домашните ракометари се изборија за два гола предност, водство кое го задржаа до самиот крај, кога серијата од 3-0 ја преворија во резултат 18-13, со кој се замина на полувреме.

Во продолжение Исланд ја продлжи својата доминација, па разликата се движеше и до највисоки седум голови. Во  рутинирана завршница Исланд на крајот славеше со резултат 34-26.

Исланд како најдобро третопласирана екипа (единствена со 4 бода во кругот на третопласирани екипи) заедно со Македонија која ја обезбеди првата позиција и Чешка обезбеди билет за Европското првенство во Хрватска 2018 година.