Искусен голман од Македонија ќе го брани Е. Работник

Составот на Е. Работник од Битола во новата сезона ќе има искусен голман, кој доаѓа од редовите на Охрид. Прилепчанецот Благојче Трајкоски веќе го стапи потписот за новиот тим и за битолскиот суперлигаш ќе настапува во текот на следната сезона.

300x250

Ова е одлично засилување за екипата која во новиот шампионат влегува со засилени амбиции. Трајкоски е голман кој има брането на Светското првенство за јуниори во 2007 година во Македонија, а бранеше и на Мундијалот во Франција во 2017 година кога Лино Червар беше селектор.

После одличната сезона во Охрид каде прикажа одлични партии, Трајкоски сега ќе има нов предизвик. Со Е. Работник ќе игра и во Купот на ЕХФ.

Инаку, Трајкоски во изборот на 24Ракомет беше најдобар голман за минатата сезона во Супер машката лига.

Фото: RK Eurofarm Rabotnik (Фејсбук)