Ирина Дибирова: Ракометарките одиграа перфектно во првото полувреме

Тренерот на Вардар, Ирина Дибирова е задоволна од направеното против Будуќност и од новата победа. Вардар ја продолжи серијата, а тоа е најважно во битката за освојување на првото место во групата и добивање полесен противник во елиминациите.

„Секогаш се подготвуваме добро кога играме против Будуќност. Така беше и сега и тоа се виде во првото полувреме кога моите ракометарки одиграа перфектно. Сите знаевме дека ќе биде тешко против Будуќност. бидејќи секогаш играме тешки средби против овој тим. Добро е што успеавме да победиме и да ги зачуваме сите играчи. Здравествениот билтен е задоволителен така што имаме неколку дена за одмор и ќе можеме да се одмориме и да бидеме подготвени за следните натпревари“, изјави Дибирова.