Ирина Дибирова задоволна од девојките: Бевме подготвени за играта со седум на Турингер

Тренерот на Вардар, Ирина Дибирова е задоволна од остварениот резултат против Турингер и од победата од 29:21 со што Вардар го запечати првото место и е единствен тим со 12 бода после првата фаза од Лигата на шампионите.

„Имавме две различни полувремиња, но моравме да ги штедиме силите за да можеме да одиграме 60 минути на квалитетно ниво. Шанса добија сите девојки уште во првото полувреме за да  можеме во вториот дел да бидеме уште подобри. Бевме подготвени за играта на Турингер со седум ракометарки во напад и успеавме да го оствариме она што се договоривме. Ги казнивме сите грешки и брзо стигнавме до висока предност така што сум задоволна од она како девојките одиграа на овој меч“, изјави Ирина Дибирова.

Очекува во периодот до крајот на јануари формата да се крева уште повеќе така што во вториот круг може да се очекува уште посилен Вардар.