Интимните фотографии во јавност: Што криеше телефонот на Нора Мерк?

Ракометарката на Ѓер, Нора Мерк, сезонава не е на нивото од минатата кога нејзиниот тим стана европски првак. Норвежанката во интервју за тамошните медиуми откри дека пред стартот на новата сезона била жртва на хакерски напад и нејзините интимни фотографии од телефонот се појавиле на интернет. Тоа било причина за Мерк да падне во депресија и да не го прикажува тоа што се очекува на теренот од неа.

„Навикната сум да ми судат поради тоа што го правам на теренот. Но да бидеш осудуван за нешто што правиш надвор од теренот во приватниот живот е многу навредливо. Тоа ме направи многу несигурна, плажлива и фрустрирана. Можам да кажам дека не ми е гајле што луѓето мислат за мене, но кога ќе се случи нешто вакво, сепак се грижам.“ – вели Мерк.

Таа била психички уништена и таквата состојба имала негативно влијание на перформансите на теренот.

„Бев психички скршена, не сакав да јадам ниту да спијам. Тешко ми беше да го работам тоа за што сум платена. Имав многу повреди, но никогаш не беше вака. Бев ментално отсутна. За еден спортист, тоа е неверојатно фрустрирачки.“ – продолжува Мерк.

Норвежанката сакала да го пропушти Светското Првенство и да не гледа никој додека да заврши годинава.

„Сакав да купам билет во еден правец и да не се враќам овде. Но, сепак некои глупави луѓе нема да ми го уништат мојот сон да станам најдобра светска ракометарка. Ќе направам се што е во моја моќ да се вратам на вистинските патеки.“ – заврши Мерк.

Во неколку ракометни форуми веќе протекоа дел од фотографиите поради кои Мерк го загуби сонот, во нив таа е гола во провокативни пози. Дали тоа се најкомпромитирачките материјали или Мерк има причина за поголема загриженост останува да покаже времето.