ИНТЕРВЈУ – Марјан Колев: Сега го нема некогашното ривалство меѓу Вардар и Пелистер (ВИДЕО)

Пред десетина години спортскиот пат го однесе во Франција, држава со голема ракометна традиција. Најпрво започна во Вијфранш, потоа продолжи во Гонфревиј, па Монтелимар, за играчката кариерата да ја заврши во Сен Егрев. Во тој клуб го „печеше“ и тренерскиот занает, а продолжи потоа и во Пол д Шамбери, пред да следува вистинскиот предизвик, тимот на Ница.

300x250

Во Македонија најмногу остана запаметен по настапите за тогашниот Вардар Ватростална, а претходно освен за матичниот Тиквеш, имаше настапи и за Тутунски Комбинат Бренд. Интернационалната кариера освен во Франција, ја градеше и во Турција, Хрватска и Италија.

За разликите меѓу Вардар на Михајловски и Вардар на Самсоненко, за ривалството меѓу Вардар и Пелистер, за тренерските почетоци во Франција, за новиот ангажман во женскиот тим на Ница, како и за состојбите во машкиот и женскиот репрезентативен ракомет во Македонија, погледнете во интервјуто за 24Ракомет…