Индивидуално признание за Металург: Иракли Кбилашвили е МВП на турнирот во Кањижа

Грузискиот плејмејкер во дресот на Металург, Иракли Кбилашвили, кој со својата досегашна игра целосно го оправда својот ангажман, е прогласен за најкорисен ракометар на турнирот во Кањижа.

Одигра најмногу минути од сите во дресот на Металург, а со својата несебична и сигурна игра внесе нов квалитет во Металург.

Металург, со победата против тимот на Партизан, го освои третото место на овој турнир, по два тесни и несреќни порази и со една убедлива победа.

Утре, со почеток во 17:30 часот, ќе одигра пријателски натпревар со српскиот суперлигаш Дубочица.