Ина Суслина стана мајка, денеска доби ќерка!

Голманката која остави голема трага во Вардар и мина неколку убави сезони во клубот со кој учествуваше на пет Ф4 турнири во минатите пет години, Ина Суслина после распуштањето на тимот кој освои три трети места и две втори минатото лето се повлече од ракометот, а денеска на свет донесе девојче кое ќе има можност да биде нејзина наследничка на ракометните терени.

Ина Суслина од денеска е мајка на Миа така што ќе има можност сега слободно да се посвети на мајчинството.

Со оглед на тоа што е тешко да се верува дека би се решила да игра и понатаму поради возраста може да се очекува од следната година да се најде во некој стручен штаб како тренер.