Им се случува и на најдобрите: Потегот на Јонасен ја извади Лекиќ од патики (ВИДЕО)

Екс-ѕвездата на Вардар и миленичка на сите фанови на „црвено-црните“, Андреа Лекиќ имаше незгоден момент на дуелот против Кристијансанд.

Јонасен беше во контра, а Лекиќ при враќањето не успеа да додржи рамнотежа. Сепак, и на најдобрите им се случуваат вакви незгоди, па во секој случај не беше пријатно.