Им нема рамни: Бајрамовска и Крим без загубен бод до 22 титула во Словенија

Екипата на Крим се врати на тронот во првенството на Словенија, откако минатата година екипата на ГЕН Загорје беше шампион. Оваа сезона тимот на Мирјета Бајрамовска немаше никаква конкуренција, и без загубен бод доминантно ја освои 22 титула во словенечкото првенство. Титулата на „кримовки“ им беше доделена по натпреварот со Целје, на кој славеа со 39:16.

За Крим останува да уште Купот на Словенија, што ќе се игра викендов во Целје. Во полуфиналето Бајрамовска и Крим ќе се сретнат со Ајдовчина. На тој натпревар, но и на турнирот воопшто, избраничките на Урош Брегар се апсолутни фаворити и се очекува нова титула која ќе влезе во нивната колекција.

Благоја Филиповски/Д.А.

Фото: siol.net/ Vid Ponikvar