Македонија има претставници во Бугарија: Божиновски, Начевски и Металари се дел од ЕХФ шампионатот

Покрај Европското првенство за младинки што се игра во унгарскиот град Ѓер, за првпат се играат и ЕХФ шампионати во оваа конкуренција.

Тие се одржуваат во Бугарија и Литванија, а кај нашиот источен сосед имаме тројца претставници, додека младинките ќе бидат дел од оној шампионат во Литванија.

Во Бугарија се делителите на правда, Даниело Божиновски и Виктор Начевски, заедно со делегатот Камер Металари.

Денеска арбитрите ќе ја имаат првата задача на натпреварот меѓу Полска и Израел, додека Металари ќе биде делегат на средбата меѓу Украина и Босна и Херцеговина.