Имаа осум играчи на теренот, но на крајот пак загубија! (ФОТО)

Ракометарите на Елверум забележаа значајна победа над романскиот првак Динамо Букурешт со 29-28 и останаа во игра за разигрувањето што носи место во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Сепак на овој натпревар во Елверум, унгарските судии Петер Хорват и Балаж Мартон, како и делегатот Јан Рудински од Словачка, направија превид.

Во 36. минута, гостинскиот тим играше со осум играчи на теренот повеќе од петнаесетина секунди, а никој не го забележа тоа и минаа неказнето. Сепак Елверум постигна гол иако Динамо беше надмоќен и на крајот славеше и победа со 29-28.