Илија Абутовиќ за 24 Ракомет: Најдобрите не играат секогаш во финале (ВИДЕО)

Најдобриот дефанзивец на Вардар, кој си заминува на крајот од сезоната, Илија Абутовиќ после средбата исто како и колегите најде причина за поразот во лошата одбрана, но и во нападот.

Тој смета дека се очекувало многу повеќе, но дека денеска Монпелје бил подобриот тим и заслужено се пласирал во финалето.

„Цела Европа очекуваше во финалето Вардар и ПСЖ да играат во финалето. Постојано се случува тоа, а најдобрите не играат секогаш за трофејот. Мораме да се сконцентирараме и утре да одиграме уште еден меч“, коментираше во кратката изјава за 24 Ракомет ТВ, Илија Абутовиќ.

Комплетната изјава можете да ја проследите во видеото во продолжение.