Илиев со цврста позиција кај стрелците во Супер лигата

Средбите од 8. коло не донесоа големи промени на Листата на стрелците во Супер машката лига, но полека се издвојуваат играчите коишто се во трка за врвот.

Веќе е добро познато дека Ивица Илиев е лидер во играта на Радовиш и дека со самото тоа добива можност за поголем број на шутеви на секоја средба, а со тоа и за повеќе голови. Оттаму е тешко да се следи, па затоа има и така голема предност.

Како изгледа Топ 10 листата на која после 8. коло се наоѓаат 12 играчи (тројца на 10. место се со ист број голови) можете да видите во продолжение.

СУПЕР МАШКА ЛИГА (8. КОЛО)

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

78 – Ивица Илиев (Радовиш)

59 – Милан Ѓукиќ (Еурофарм Работник)

54 – Бобан Блажески (Охрид)

53 – Милан Поповиќ (Пелистер)

50 – Божидар Симиќ (Радовиш)

49 – Цветан Кузмановски (Струга)

46 – Дејан Кукуловски (Вардар јуниор)

43 – Дарко Георгиевски (Охрид)

42 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

41 – Димитар Минов (Борец)

41 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

41 – Златко Мојсоски (Бутел Скопје)