Илиев продолжи каде што застана лани, го наполни голот на Вардар јуниор за победа на Радовиш

Засилениот состав на Радовиш во првото коло од Супер машката лига на домашен терен славеше победа против Вардар Јуниор со 32:28. Незапирлив во домашнот состав беше најдобриот стрелец од минатата сезона, Ивица Илиев кој постигна речиси половина од головите за својата екипа.

Во првото поулвреме Радовиш уште на почетокот обезбеди убава предност од пет гола, 6:1. А оваа позитива успешно ја одржуваше до паузата. И второто полувреме продолжи во ист ритам. Вардар Јуниор не наоѓаше начин да ја намали негативата, а Радовиш со многу порасположени ракометари ја оствари првата победа во сезоната.

Во гостинскиот состав најрасположен за игра беше Крстевски кој постигна 13 гола. Сепак, немаше вистинска поддршка од соиграчите за позитивен резултат на ова гостување. Кај радовишани, Ивица Илиев беше најефикасен со 15 погодоци и најзаслужен за победата на својата екипа. Воедно потврди дека и сезонава е прв кандидат за најефикасен ракометар во Супер машката лига.

РАДОВИШ – ВАРДАР ЈУНИОР     32:28 (18:12)

Сала: 25 мај во Радовиш. Гледачи: 650. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

РАДОВИШ: Паунов, Тушев 1, Билиќ, Димов, Јованов, Долдуров 1, С. Ѓорѓиев, Ѓоргиевски 6, Феноф, Ј.Ѓорѓиев, Органџиев, Николов 7, Ристов, Илиев 15, Трајанов 1, Везенковски 1.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 4 мин.

ВАРДАР ЈУНИОР: Гогов, Јанковски 1, Чакалиќ 1, Гашовски 2, Јакимовски 2, Димовски, Чакалиќ, Андоноски 1, Анѓелковски, Анѓеловски, В.Крстевски, С.Крстевски 13, Трајковски, Атанасовски 3, Дука 5, Стојановски.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 8 мин.