Изостана „македонски“ дуел во Бундес Лигата, Рајн Некар подобар од Бергишер

Ракометарите на Рајн Некар Левен славеа на домашен терен над Бергишер со 31:28, во натпревар од 28 коло во Бундес Лигата. Со оваа победа „лавовите“ имаат 51 бод, 1 помалку од лидерот Фленсбург со 52, но и натпревар помалку.

Иако овој натпревар требаше да биде дуел и на македонските репрезентативци Филип Талески и Дејан Манасков со Ацо Јоновски, кој игра за Бергишер, сепак левото крило и левиот бек не беа во составот на домашниот тим, па така изостана мак дуелот во најквалитетното првенство во Европа.