Изненадување на СП: Словенија го сруши олимпискиот вицепрвак Франција

Репрезентацијата на Словенија го направи изненадувањето на денот, откако избраничките на Урош Брегар се погрижија за триумф над олимпискиот вицепрвак Франција со минимални 24:23. Ана Грос беше предводник во нападот со 9 голови, додека голманката Панџиќ имаше 15 одбрани, за разлика од француските меѓу кои и вардарката Амандин Лејно, имаа само 4 заедно. Уште една вардарка во редовите на Франција, Александра Лакрабер, имаше слабо издание и даде само 1 гол од 7 обиди!

Уште едно изненадување приредија и ракометарките на Јужна Кореја, кои беа подобри од европскиот вицепрвак Холандија со 24:22. Иако како да играа пред своите навивачи, сепак холанѓанките не се снајдоа најдобро на теренот и Кореја наметна свој ритам и беа борбени и организирани.

Лошо мина и Бразил, светскиот првак од 2013 година. Јужноамериканките неочекувано едвај извлекоа барем бод од пресметката со Јапонија, која заврши 28:28. Полска, која пак со вајлд-карта влезе на овој Мундијал, славеше голема победа во пресметката со Шведска со 33:30 и си ги отвори вратите кон осминафиналето.

ДВОЈКИ, 1. КОЛО

ГРУПА А

РОМАНИЈА – ПАРАГВАЈ 29:17

ФРАНЦИЈА – СЛОВЕНИЈА 24:25

ШПАНИЈА – АНГОЛА 20:30 часот

ГРУПА Б

ЧЕШКА – АРГЕНТИНА 28:22

ШВЕДСКА – ПОЛСКА 30:33

НОРВЕШКА – УНГАРИЈА 20:30 часот

ГРУПА Ц

РУСИЈА – ТУНИС 36:16

БРАЗИЛ – ЈАПОНИЈА  28:28

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА  20:30 часот

ГРУПА Д

СРБИЈА – КИНА 43:23

ГЕРМАНИЈА – КАМЕРУН 28:15

ХОЛАНДИЈА – Ј. КОРЕЈА 22:24