Изненадување во составот: Јоноски дополнително повикан да игра со Чешка

Ракометната репрезентација на Македонија на вечерашниот натпревар против Чешка ќе го испрати во пензија и Аце Јоноски. Иако не беше на претходниот дуел со Украина, нашиот интернационалец вчера се приклучил на подготовките и денеска ќе биде во составот и ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Македонија.

Неизвесно е дали Јоноски ќе се прости само од репрезентацијата, исто како што тоа ќе го направи и Влатко Митков, или пак 36 годишниот ракометар ќе реши и да стави крај на професионалното играње.

Последните неколку години Јоноски играше во Бундеслигата, за Бергишер. Претходно настапуваше за шпанск Ла Риоха. Играше и во екипите на Пелистер, Вардар, металург, Бешикташ, Сент Гален, Бјерингрбо, Босна..

Јоноски беше дел од шест големи натпреварувања на Македонија, почнувајќи од СП 2009, па ЕП 2012, СП 2013, ЕП 2014, СП 2015 и ЕП 2016