ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО КОПЕНХАГЕН: Како Ангола го совлада Катар (ВИДЕО)

Светскиот вицешампион од 2015 година, Катар тргна лошо на Мундијалот во Германија и во Данска и на првиот меч претрпе пораз од аутсајдерот Ангола со што влезе на најлош можен начин на првенството. Поразот од 23:24 е доказ дека Катарците не се на потребното ниво и ова ќе биде тежок Мундијал.

Финалистот од Светското првенство пред четири години не успеа да ја оправда фаворитската улога, а и самиот старт во кој Ангола влезе далеку помотивирано го најави поразот на Катар. Репрезентација од Африка, почна со 4:1. За момент Катар успеа да се врати на еден гол негатива (6:7), но Ангола се врати во ритам и замина на полувреме со предност од 12:8.

Стартот на вториот дел, донесе мала консолидација во играта на Катар, но не и враќање во трка за бодови. Репрезентацијата преставник на Азија дојде до израмнување во 45. минута преку Јусеф Али и најави интересен финиш. Сепак, последните 15 минути донесоа вистинска драма, а финалниот удар го зададе Анголецот, Клаудио Шикола во последните секунди од натпреварот за конечни 24:23.

Најдобар реализатор во победничката репрезентација беше, Роме Хебо кој погоди седумпати, на другата страна, Аледин Берашед беше најдобар стрелец со шест голови.