Избор на најдобрите 30 одбрани во ЛШ: Штербик на списокот со сите топ голмани (ВИДЕО)

Во изборот на ЕХФ за најдобри 30 одбрани за 2017 година сосема очекувано имаше место и за голманот на Вардар, Арпад Штербик. При овој избор се вклучени двете негови интервенции во серија против ППД Загреб.

300x250

Ова е сосема заслужено со оглед на фактот дека Штербик брани во неверојатна форма, а е прогласен и за најдобар играч за ноември и декември за оваа година во Лигата на шампионите.

На долгата листа од 30 одбрани има неверојатни голмани. Тука се и интервенциите на Омејер, Ландин, Волф, Алиловиќ… Голмани коишто се во самиот светски врв.