Избор за најдобар среден бек: Андоновски заврши пред силната конкуренција

Во најдобриот тим сезонава во регуларниот дел од Супер машката лига се најде и еден играч на Пролет, а тоа е Ласко Андоновски. Тој успеа да собере најмногу поени при гласањето. За него по пет поени доделија новинарите и тренерите, а четири доби од читателите.

Со вкупно 14 поени, Андоновски се најде пред конкуренцијата така што ја доби битката со голема предност во однос на другите ракометари коишто настапуваат на позицијата среден бек. Ласко Андоновски имаше дури четири поени повеќе од Пецаковски.

По девет поени на крајот од гласањето имаат Славиша Димитријески и Ивица Илиев додека само три во вкупниот збир имаше Јане Јанчев кој сезонава беше дел од две екипи.

ГЛАСАЊЕ ЗА НАЈДОБAР СРЕДЕН БЕК

НОВИНАРИ

5 – ЛАСКО АНДОНОВСКИ (ПРОЛЕТ 62)

4 – ДЕЈАН ПЕЦАКОВСКИ (Е. РАБОТНИК)

3 – ИВИЦА ИЛИЕВ (БОРЕЦ/РАДОВИШ)

2 – СЛАВИША ДИМИТРИЈЕСКИ (ОХРИД)

1 – ЈАНЕ ЈАНЧЕВ (ПРИЛЕП/ОХРИД)

ТРЕНЕРИ

5 – ЛАСКО АНДОНОВСКИ (ПРОЛЕТ 62)

4 – ИВИЦА ИЛИЕВ (БОРЕЦ/РАДОВИШ)

3 – ДЕЈАН ПЕЦАКОВСКИ (Е. РАБОТНИК)

2 – СЛАВИША ДИМИТРИЈЕСКИ (ОХРИД)

1 – ЈАНЕ ЈАНЧЕВ (ПРИЛЕП/ОХРИД)

ЧИТАТЕЛИ НА 24 РАКОМЕТ

5 – СЛАВИША ДИМИТРИЈЕСКИ (ОХРИД)

4 – ЛАСКО АНДОНОВСКИ (ПРОЛЕТ 62)

3 – ДЕЈАН ПЕЦАКОВСКИ (Е. РАБОТНИК)

2 – ИВИЦА ИЛИЕВ (БОРЕЦ/РАДОВИШ)

1 – ЈАНЕ ЈАНЧЕВ (ПРИЛЕП/ОХРИД)