Изабел Гулден за 24 Ракомет ТВ: Вардар е одличен клуб, но Букурешт беше најдобра опција (ВИДЕО)

Репрезентативката на Шведска и среден бек на екипата на ЧСМ Букурешт, Изабел Гулден е ракометарка која во своите редови сакаат да ја имаат многу клубови. Таа во интервју за 24 Ракомет ТВ откри неколку интересни работи, а меѓу нив беше и заинтересираноста за Вардар да ја види во своите редови.

„Знам многу за Вардар. Тоа е одличен клуб. Има своја сала, хотел, одлични услови за работа. Сè е на едно место. Сепак, мојата прва и најдобра опција беше ЧСМ Букурешт и затоа се одлучив за Романија“, изјави Гулден за 24 Ракомет ТВ.

Комплетното интервју со Изабел Гулден можете да го проследите во продолжение.