ИДЕАЛЕН ТИМ НА 17. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Натпреварите од претпоследното, 17. коло од регуларниот дел во сезоната од Супер машката лига донесоа 289 гола што е просек од 57,8 гола по натпревар. Во ова коло беше добиен одговор на прашањето за две слободни места во плеј-офот така што сега останува уште едно неодговорено прашање.

Во 17. коло најинтересиот меч го одиграа тимовите на Струга и Пролет.Тие се пресметаа во Стуга и бодовите останаа за домашниот состав. Сепак, ова нема да биде голем удар за тимот на Пролет бидејќи има можност да дојде до плеј-оф во последното коло кога на домашен терен игра против составот на Прилеп.

Инаку, покрај Струга победи забележаа и составите на Еурофарм Работник, Пелистер, Бутел Скопје и Вардар јуниор. Ова беа претпоследни средби од регуларниот дел, а веќе в сабота и недела се играат дуелите од последното коло од регуларниот дел на сезоната.

Од одиграните средби од 17. коло тимот на 24 Ракомет ги одбра најдобрите седум играчи, а на Вас останува со вашите гласови да го одберете најдобриот ракометарво колото. Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 17. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Александар Стојаноски (Струга)

Голманот на стружани во пролетниот дел брани во одлична форма. Стојаноски беше клучот и во победата против Пролет. Со неговите одбрани беа запрени многу зицер ситуации на гостите од Скопје, па бодовите останаа во Струга.

ЛЕВО КРИЛО: Стефан Талевски (Еурофарм Работник)

Одлично го замени Ојлески на лево крило и против Охрид покажа дека може да му се верува и да му се даде шанса и поголема минутажа. Постигна четири гола и даде свој допринос за победата на гостувањето кај охриѓани.

ЛЕВ БЕК: Јовица Младеновски (Бутел Скопје)

Ракометарот кој ја одработува својата задача во Бутел Скопје на позицијата лев бек, Младеновски одигра одлична средба на гостувањето во Радовиш. Тој беше еден од двајцата играчи кои им зададоа најмногу проблеми на домашните.

СРЕДЕН БЕК: Мартин Карапалевски (Вардар јуниор)

Младиот ракометар на Вардар кој е кадетски репрезентативец на Македонија одигра одлична средба против тимот на Борец. Тој беше еден од лидерите во играта на Вардар јуниор и со шест гола втор по ефикасност во екипата.

ДЕСЕН БЕК: Гиорги Дикаминџија (Струга)

Најефикасниот играч на Струга на средбата против Пролет беше интернационалецот од Грузија. Тој постигна шест гола и одигра добар натпревар придонесувајќи многу за новата победа.

ДЕСНО КРИЛО: Реваз Чантурија (Струга)

Засилувањето пред стартот на вториот дел од сезоната од Пелистер, го имаше клучниот шут на средбата. Чантурија одигра добар натпревар, а на крајот го погоди пеналот со кој беше обезбеден триумф против тимот на Пролет.

ПИВОТ: Вељко Давидовиќ (Бутел Скопје)

Играчот кој дојде во редовите на Бутел Скопје во текот на зимскиот преоден рок покажува дека ќе биде голем плус во играта на овој тим во плеј-офот. Со седум гола беше еден од двајцата најефикасни ракометари на Бутел Скопје и еден подобрите на теренот.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 17. КОЛО

ПРИЛЕП – ПЕЛИСТЕР            18:46 (ИЗВЕШТАЈ)

ОХРИД – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК      24:35 (ИЗВЕШТАЈ)

СТРУГА – ПРОЛЕТ 62 24:23 (ИЗВЕШТАЈ)

РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ  29:37 (ИЗВЕШТАЈ)

ВАРДАР ЈУНИОР – БОРЕЦ     37:16 (ИЗВЕШТАЈ)

ПОСЛЕДНО, 18. КОЛО

САБОТА, 16 МАРТ

14:00ч

ГРК БОРЕЦ – РАДОВИШ

17:00ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ВАРДАР ЈУНИОР

18:30ч

ПЕЛИСТЕР – ОХРИД

ПРОЛЕТ 62 – ПРИЛЕП

НЕДЕЛА, 17 МАРТ

18:00ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА

ТАБЕЛА: 1. Еурофарм Работник 49 бода (583:362); 2. Пелистер 38 (544:443); 3. Бутел Скопје 36 (500:393); 4. Пролет 34 (511:432); 5. Охрид 33 (497:428); 6. Струга 28 (462:436); 7. Радовиш 12 (512:586); 8. Вардар јуниор 12 (421:510); 9. Прилеп 10 (405:557); 10. ГРК Борец 0 (372:660).