ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕРЛИГА

Во 14 коло од македонската Суперлига се одиграа четири натпревари. Во дерби дуелот Е. Работник му врати на Пролет за поразот во Скопје и славеше со 26:22, додека Пелистер виде мака едно полувреме со Прилеп, но на крај триумфираше убедливо. Вардар Јуниор забележа важна победа во дуелот на дното против Борец, додека Охрид немаше проблеми да забележи висока победа над Металург 2.

24Ракомет  по завршувањето на секое коло ќе ви го претстават идеалниот тим, во избор на уредниците, новинарите, дописниците и соработниците, а заедно со Вас ќе го избираме најкорисниот ракометар на колото…

Резултати, 14 коло:

E. Работник – Пролет 26:22
Пелистер – Прилеп 35:28
Охрид – Металург 2 34:22
Вардар Јуниор – Борец 24:16

ГОЛМАН: Благојче Трајкоски (Охрид)

Чуварот на мрежата на Охрид забележа повеќе од 20 интервенции на пресметката со Металург 2 и беше непробоен бедем за момците на Раде Стојановиќ.

ЛЕВО КРИЛО: Гоце Ојлески (Е. Работник)

Репрезентативецот не одигра маестрално на дуелот со Пролет, но погоди кога требаше и со 4 голови беше втор стрелец во тимот на Илија Темелковски.

ЛЕВ БЕК: Жарко Чуриќ (Пелистер)

Хрватскиот интернационалец во отсуство на Орјоникидзе покриваше најчесто на левата бековска позиција и беше еден од творците на пресвртот во дуелот кој Пелистер го доби со Прилеп.

СРЕДЕН БЕК: Мартин Манасков (Пролет)

Иако најчесто беше на левата бековска позиција, сепак Манасков беше единствениот од Пролет што му парираше на Е. Работник и беше најдобар со 7 голови.

ДЕСЕН БЕК: Стефан Трпчевски (Вардар Јуниор)

Битолчанецот со својот квалитет отскокнува во тимот на Столе Петрушевски и со трет пат во серија дава двоцифрен број голови, а последно на дуелот со Борец беше најдобар со 10 голови.

ДЕСНО КРИЛО: Бобан Блажески (Охрид)

Блажески со 10 голови беше предводник на тимот на Горан Андоновски во високата победа над Металург 2 и заслужено се најде во идеалниот тим.

ПИКЕР: Елмир Граџан (Е. Работник)

Босанскиот интернационалец покажува дека ќе биде големо засилување во Е. Работник. Со 7 голови, од кои 6 во првиот дел беше најдобар кај битолскиот состав во победата над Пролет.

[socialpoll id=”2477784″]