Играч на натпреварот:Митревски со фантастични 19 одбрани јунак во Романија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман и член на романска Доброгеа Суд, Никола Митревски беше најзаслужен за победата на својата екипа во рамките на романскиот плеј-оф.

300x250

Митревски беше фантастичен на голот, успеа да одбрани дури 19 удари на противникот, а неговиот тим славеше со високи 27-20 над Динамо Букурешт. По фантастичното издание сосема заслужено беше прогласен за играч на натпреварот, а Доброгеа Суд успеа да израми на 1-1 во плеј-оф серијата.

Мајсторката помеѓу овие две екипи е предвидено да се одигра на 29 април во Букурешт.