Играч на Гепинген ја напушта Бундес лигата за да игра во Швајцарија

Искусниот ракометар од Србија и член на екипата на Гепинген, после осум години играње во најсилната лига во светот ја менува Бундес-лигата за шампионатот во Швајцарија.

300x250

Жарко Шешум одлучи да се спушти на понизок ранг, па во следната сезона ќе настапува во редовите на Кадетен Шафхаузен. Тој се договори со тимот кој е еден од најдобрите во Швајцарија во последните неколку години, а договорот е со важност од летото во 2019 година.

Шешум во 2012 година беше еден од главните ракометари во репрезентацијата на Србија на Европското првенство кога го освои сребрениот медал. Во Бундес-лигата дојде од Веспрем во 2010 година и го облече дресот на Рајн Некар. Оттаму направи трансфер во Гепинген каде е еден од најдобрите ракометари во тимот, а двапати победуваше со овој клуб во Купот на ЕХФ.

Со Шешум екипата на Шафхаузен ќе добие многу и во играта во нападот и во одбраната.