Игор Карачиќ за 24 Ракомет ТВ: Луѓето во Македонија повторно веруваат во нас (ВИДЕО)

Вардарци сезонава одново се во центарот на вниманието и покажуваат дека се во одлична форма на стартот на сезоната, но и покажуваат дека се константни во играта што секако може да радува.

Еден од оние кои најдолго се во „црвено-црниот“ дрес е Игор Карачиќ, кој после новата победа во Лигата на шампионите не криеше дека е презадоволен и дека победата над Кристијанштад е одличен вовед за следните тешки средби од групата А.

„Со оваа победа против тимот на Кристијанштад и играта докажавме дека триумфот над Монпелје минатата сабота не беше случајност. Дека тоа е плод на одлични играчи и добри тренинзи. После оваа победа и ние почнуваме да веруваме во себе, но и луѓето во Македонија веќе веруваат во нас“, изјави Карачиќ за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава на Игор Карачиќ можете да ја проследите во видеото во продолжение.