Игор Карачиќ за 24 Ракомет ТВ: Ги знам и Раул и Парондо, но ова е репрезентација… (ВИДЕО)

Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ е еден од играчите кои се меѓу носителите во бековската линија на Хрватска, а од неговата форма сигурно ќе зависи многу и како денеска Хрватите ќе отворат против репрезентацијата на Македонија.

Предноста на Карачиќ е што има работено и со Раул, а и сезонава со Парондо и го познава добро стилот кој го негуваат, па сигурно ќе знае и што може добро да се направи на теренот.

„Ги познавам одлично и Раул и Парондо. Сепак, едно е да се работи во клуб, ова е сега репрезентација и ќе биде поинаку. Навистина не знам кој може подобро да се подготви за мечот Раул или Червар, а после натпреварот ќе видиме кој бил подобар“, коментираше Карачиќ за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.