Игор Карачиќ доби нова титула – КРАЛ на СЕХА! (ФОТО)

Средниот бек на заминување од Вардар, Игор Карачиќ, доби нова титула во неговата кариера – КРАЛ на СЕХА лигата.

Медиа тимот на регионалното натпреварување организираше избор на КРАЛ на лигата на профилот на Инстаграм, а во конкуренција покрај Карачиќ, беа и Тимур Дибиров од Вардар, Тин Контрец од Загреб, Халил Јагањац од Нексе и Петар Ѓорѓиќ од Брест Мешков.

Најмногу гласови сепак доби Карачиќ, на кој новата титула свечено ќе му биде доделена за време на завршниот турнир во Брест на 2 и 3 април.