Ивиќ за 24Ракомет ТВ: Се држевме 40 минути против Вардар, но за бодови треба многу повеќе (ВИДЕО)

Белорускиот првак Мешков Брест досега победувал во Скопје, но само во рамките на СЕХА лигата. Во првиот меѓусебен двобој во Лигата на шампионите пред две години победи Вардар, а ист беше случајот и сега, па Белорусите си заминаа со наведнати глави од Скопје по поразот 30-23.

Хрватскиот интернационалец Шиме Ивиќ, кој на крајот на сезоната си оди од Мешков, вели дека за бодови против Вардар, мора да играте одлично 60 минути.

„Ние бевме во игра цели 40 минути, но имавме пад на концентрацијата, Гедбан бранеше одлично, а за бодови против Вардар мора да бидете на ниво цели натпревар“, изјави Ивиќ.

Целосната изјава на десниот бек на Мешков погледнете ја во видео прилогот…