Ивица Илиев беше нерешлива загатка за младите „металурзи“

Ракометарите на Радовиш продолжуваат со победите и со убедливата игра во плеј-оф рундата од Супер машката лига. Новиот триумф дојде против Металург 2 на домашен терен, а јасно беше и пред средбата дека Радовиш е со улогата на фаворит на оваа средба.

Ивица Илиев беше ракометарот кој задаваше најголеми проблеми и кој им ги уништи сите надежи на младите ракометари на Металург 2 дека ќе можат да дојдат до нешто повеќе на овој дуел. Илиев успеа да реализира дури 12 удари, а имаше добра помош и од Мајиќ и од Ѓорѓиев.

Во Металург, Стефан Додиќ се промовираше како играч на кој може да му се даде поголема шанса во продолжението на сезоната. Тој имаше одлична средба, а на овој дуел Металург 2 не беше во комплетен состав, па затоа и овој резултат е добар за младите момци.

РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ 2           29:24 (16:12)

Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Гледачи: 700. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

РАДОВИШ: Паунов, Илиев 12, Марков, Трајанов, Долдуров 2, Ѓорѓиев 5, Постолов 1, Соколов 1, Спасов, Ѓорѓиев, Ристов 2, Мајиќ 6, Б. Јованов, Г. Јованов

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 14 мин.

МЕТАЛУРГ 2: Василевски, Гошевски 3, Л. Додиќ, Савковиќ, С. Додиќ 9, Богдановски, Младеновиќ 3, Божиновски, Прцуловски, Кондев 1, Митиќ 3, Ристовски 1, Костески 2, Кофиловски 2.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 4 мин.