Иван Пешиќ со комплименти пред Ф4: Вардар го игра најубавиот ракомет во Европа

Голманот на Брест Мешков, Иван Пешиќ беше поврзуван со трансфер во Вардар за следната сезона, но од тоа веќе некое време е јасно дека нема да има ништо. Тој останува во редовите на Брест, а со овој тим ќе дојде во Скопје на Ф4-турнирот.

Брест е противникот на Вардар во полуфиналето на СЕХА-завршницата, а ракометарите на белорускиот тим се оптимисти дека ќе изборат позитивен резултат и покрај тоа што бројките не им одат во прилог.

„Со Вардар секогаш играме добро. Знаеме како треба да одиграме и сметам дека голманите ќе бидат клучен фактот на оваа пресметка. Сепак, никако не смееме да заборавиме дека Вардар е врвен тим и клуб кој го игра најубавиот ракомет во Европа во моментов“, изјавува Пешиќ.