Иван Пешиќ потврди: Имав понуда од Вардар, но останувам во Брест

Голманот на Брест Мешков, Иван Пешиќ останува во клубот до 2022 година со што станува јасно дека тој нема да биде новиот голман на Вардар за сезоната 2017/2018. Пешиќ имаше договор со Брест до 2019 година, но клубот одлучи да го задржи и затоа веќе му даде нови услови и продолжување на соработката.

Со ова репрезентативецот на Хрватска останува во Белорусија каде што дојде во 2013 година и досега доминираше со својот клуб во домашното натпреварување.

„Брест има амбициозен проект и драго ми е што ќе бидам дел од него и во иднина. Имав разговори и со Вардар и со ПИК Сегед, но се одлучив да останам во екипата каде што играм. Настапуваме во Лигата на шампионите и сме дел од најдобрите така што останувам тука каде што сум во моментов“, вели Пешиќ.