Иако има 40 години не размислува за крај: Шкоф потпиша за Ерланген

Словенечкиот голман, Горазд Шкоф својата кариера ќе ја продолжи во најсилната лига на светот , Бундеслигата. Шкоф кој во јули ќе наполни 40 години, потпиша договор на една година со тимот на Ерланген. Тој во моментов брани за ПСЖ, со кој е на добар пат да стигне во завршницата на Лигата на шампионите. Се наоѓа во одлична форма, а тоа го докажува и неговиот процент на одбранети удари 33.46 %.

„Не смеев да одбијам понуда што доаѓа од Бундес Лигата. Тоа беше мојот сон, да заиграм во Германија. Ми се допаѓа амбициозниот тим на Ерланген.“ – изјави Шкоф.

Долгогодишната кариера Шкоф ја започна во тимот на Тримо Требње, а потоа бранеше и за двата најсилни словенчеки тимови, Целје и Горење. Потоа беше дел од Загреб, а во Франција играше и за Кретеј и Нант. По ПСЖ, ќе го има и првото искуство во Германија, во составот на Ерланген.

Б.Ф./Д.А.