Златното момче на Вардар се сели во Војводина: Македонскиот репрезентативец повторно во СЕХА

По четири години, поранешниот македонски репрезентативец и еден од милениците на вардаровата публика, Немања Прибак повторно ќе заигра во Скопје преку СЕХА лигата.

Централниот бек по неколку години поминати во Бешикташ се враќа во родната земја, но наместо во Железничар како што се очекуваше тој заминува во редовите на шампионот Војводина. Големиот проект од Ниш не го доби посакуваниот тек, па Железничар наместо тим за европски дострели, следната сезона ќе кубури со квалитетни играчи. Затоа во Војводина веќе неколку години состојбата е стабилна иако тимот нема големи амбиции во регионалната лига и европските натпреварувања.

Прибак беше дел од Бешикташ четири сезони и имаше успешни настапи во домашните конкуренции и во Лигата на шампионите, иако турскиот првак не направи особен успех во најелитното натпреварување, а беше проектиран за (по)високи дострели. Минатата сезона проектот Бешикташ доби (не)очекуван и непосакуван крај. По долги години борба на клупското раководството за сопствена сала и основни услови за играње, турскиот шампион на крајот се откажа од високите амбиции и од најквалитетните ракометари во екипата.

Покрај за тимот од Ниш, Прибак настапуваше и за Колубара, француски Нант, а македонската публика најмногу го памети по игрите за македонскиот првак Вардар. За Македонија одигра 13 натпревари и даде 17 голови.