Златко Сарачевиќ: Ова беше спектакл, но игравме против најдобрите (ВИДЕО)

Екипата на Загреб не успеа да го повтори успехот од 2013 година кога го совлада Вардар во финалето во Скопје. Сега вардарци славеа со 26:24 и се реваншираа за тој пораз, а воедно успеаја по петтипат да слават над Загреб на фајнл-фор двобоите.

300x250

Тренерот на Загреб, Златко Сарачевиќ го призна поразот и потврди дека на овој меч славел подобриот тим кој доминираше во текот на целата сезона.

„Вардар беше подобар и вечерва и во текот на целата сезона. Заслужено ја освои титулата бидејќи беше најдобрата екипа сезонава. Го игравме овој меч во неверојатна атмосфера и беше вистински спектакл. Им честитам на моите момци за направеното. Горд сум на нив бидејќи го достигнавме лимитот на нашите можности. Победи подобриот. На спротивната страна имавме многу подобар противник и тоа е тоа“, изјави Златко Сарачевиќ на пресот после завршување на средбата.