Земал мито од пет милиони долари, на оставка не ни помислува

Мануел Луиз Оливеира е еден од најдолговечните претседатели на ракометен сојуз на една земја. На чело на Бразилскиот ракометен сојуз се наоѓа цели 28 години, но изгледа полека му дојде крајот.

Човеков ни повеќе ни помалку е обвинет дека земал мито од цели пет милиони долара, па сите ракометари и ракометарки во Бразил бараат негова оставка.

По овој голем скандал најголемиот дел од спонзорите веќе ја прекинаа соработката со ракометниот сојуз на Бразил, а најголемиот спонзор -Banco do Brasil најави прекинување на соработката. Тоа би било комплетен крах на ракометниот сојуз на Вразил ако се знае дека оваа банка дава 75% од годишниот буџет.

И покрај сето ова интересно е како претседателот Оливеира не ни помислува да си даде оставка.