„Зебрите“ се збогуваа со иконата: Алфред Гисласон по 11 години замина од Кил

Исландскиот стручњак Алфред Гисласон за последен пат го предводеше Кил. Тој на кормилото на „зебрите“ беше 11 сезони, а во последниот натпревар со „зебрите“ славеше над Хановер со 30:26.

Гисласон беше тренер на тимот од Северна Германија од 2008 година. Во последната сезона на чело на Кил тој го освои ЕХФ купот, Купот на Германија и второто место во Бундес лигата зад Фленсбург.

На крајот на натпреварот навивачите од полните трибини во Шпаркасе арената го поздравија тренерот, а тој им се заблагодари за поддршката во текот на годините додека го предводеше тимот.

Од клубот најавија дека на 26 јули во Кил ќе има свечена церемонија за официјално збогување со тренерот кој помина голем дел од својата кариера како тренер на „зебрите“.