„Зебрите“ најдоа замена за Дувњак: Словенец ќе го менува хрватот во составот на Кил

Словенечкиот репрезентативец Миха Зарабец од наредната сезона ќе го носи дресот на Кил. 25 Годишниот централен бек потпиша едногодишен договор со управата на будеслигашот, и во Кил ќе се задржи најмалку до 1 јули 2017 година. Зарабец треба да им помогне на „зебрите“ во месеците кога Домагој Дувњак ќе се рехабилитира од операцијата на коленото. Неговите 177цм, агилноста и прецизниот шут му овозможија место меѓу најдобрите бекови во Лигата на шампионите.

“Миха игра брз ракомет и е навистина опасен, класичен плејмејкер со сите вештини кои можат да ни помогнат. Знаеме дека Домагој Дувњак мора да замине на операција, што ќе го одалечи од терените неколку месеци. Затоа би било многу неодговорно од наша страна да останеме со само еден централен бек. Миха носи интернационално искуство и одлично ќе се вклопи во нашата млада и мотивирана екипа со неговиот стил на игра. Им благодариме на Целје за поедноставување на трансферот.“ истакна тренерот Алфред Гисласон. 

Зарабец својата професионална кариера ја започнал во Тримо Требње пред да замине за Мариборво 2012. Во 2014 година словенечкиот шампион Целје го доведе во своите редови од каде пошироката ракометна јавност можеше да се увери во неговите квалитети. Тој беше дел од репрезентацијата на Словенија на последното Светско Првенство во Франција.