„Зборнаја“ беше преголем залак за Црна Гора

По убедливиот триумф над Тунис со 20 голови разлика, репрезентацијата на Русија славеше и во дерби пресметката со Црна Гора. Избраничките на Пер Јохансон, пак по убедливата победа над Данска, немаа сили за вторпат во два дена да триумфираат над уште една велесила.

На почетокот на првиот дел најчесто се играше гол за гол, до 22 минута кога Русија преку Дмитриева поведе со 9:11, а таа предност ја зголеми Манагарова на 12:15, резултат со кој се замина на пауза. Имаа избраничките на Трефилов и плус 4, со голот на Сабирова, 14:18.

По 18:21 во 46 минута, Црногорките преку Раичевиќ и Булатовиќ дадоа 3 гола за 21:21 и драматичен финиш. Беше 22:22, па 23:23, а при 23:24, вардарката Радичевиќ не искористи пенал. Маркова погоди за 23:26 во 58 минута и веќе немаше дилеми кој ќе биде победник, па мечот заврши 24:28.

Двојки, 2 КОЛО

ГРУПА А

СЛОВЕНИЈА – РОМАНИЈА 28:31

АНГОЛА – ФРАНЦИЈА

ПАРАГВАЈ  – ШПАНИЈА 20:30 часот

ГРУПА Б

ПОЛСКА – ЧЕШКА 25:29

УНГАРИЈА – ШВЕДСКА

АРГЕНТИНА – НОРВЕШКА 20:30 часот

ГРУПА Ц

ТУНИС – БРАЗИЛ 22:23

ЦРНА ГОРА – РУСИЈА 24:28

ЈАПОНИЈА – ДАНСКА 20:30 часот

ГРУПА Д

КАМЕРУН – СРБИЈА 21:34

КИНА – ХОЛАНДИЈА

КОРЕЈА – ГЕРМАНИЈА 20:30 часот