За терминот на Суперкупот ќе се договорат Вардар и Металург

Кон крајот на месец август или почетокот на септември оваа година ќе се одржи четвртото издание на Суперкупот, во кој играат победникот на шампионатот и освојувачот на Купот.

Вардар и Металург сезонава треба да играат во реприза од минатата година, но шампионот има обврски на Супер Глоуб до 1 септември, а претходно ќе учествува на неколку турнири.

Покрај тоа Вардар ќе игра и дуел од регионалната СЕХА лига, па како прв слободен термин се споменува 7 или 8 септември.