За сите кои се заљубени во ракометот: Најдоброто од 2017 година на едно место (ВИДЕО)

На почетокот на 2018 година вреди уште еднаш да се насочи погледот кон случувањата од 2017 година и кон сето она што беше сработено во минатите 12 месеци пред сè во Лигата на шампионите.

300x250

Многу голови, многу одбрани, многу атракција… Тоа е само еден мал дел од она што може да се види во видеото. Во голем дел од ситуациите се и ракометарите и ракометарките на Вардар кои имаа одлична 2017 година.

Секако годината ќе се памети по големата победа на Вардар во Келн и освојувањето на титулата во Лигата на шампионите. Сепак, погледнете и уживајте во атракциите!