ВРЕМЕПЛОВ: За тие што не знаат – Брестовац пред 15 години беше најдобар голман во Франција! (ФОТО)

Актуелниот селектор на кадетската и сениорска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, можеби не направи кариерата од соништата, сепак има со што да им се фали на идните генерации.

Некогашниот голман на Ѓорче Петров, Вардар, Металург, Тутунски Комбинат Бренд и францускиот Вилфранш, како и поранешен репрезентативен чувар на мрежата беше најдобар голман во силната француска лига пред петнаесетина години.

Во конкуренција на легендарни голмани како Тјери Омејер, Бруно Мартини, Драган Почуча, Рихард Штохл…Брестовац беше најдобар во сезоната 2004/2005 година со вкупно 201 одбрана на 15 натпревари или 13.4 по натпревар, а по него на листата беа сите претходно споменати.