За одличен крај на кариерата: Бранко Ангеловски во ол стар тимот на романскиот шампионат

Македонскиот интернационалец, Бранко Ангеловски, кој долги години го носеше дресот на романската Констанца, на крајот на оваа сезона ја заврши богата кариера. Во изборот на ол стар тимот беа номинирани и Гоце Гоергиевски и Звонко Шундовски, во категориите најдобро десно крило и најдобар тренер, но сепак само Ангеловски имаше нјамногу гласови во категоријата најдобар дефанзивец во лигата.

Тој доби 23 отсто од гласовите, односно вкупно 746 гласвои. Георгиевски, доби 20 % од гласовите и заврши на третото место, додека Шундовски заврши на второ место во неговата категорија со 25%, односно 800 гласови. Целосната листа на ол-стар тимот може да ја погледнете ТУКА.